Порно актерката Сторми Даниелс, која пред неколку месеци беше актуелна поради наводната афера со американскиот претседател Доналд Трамп, е ослободена со кауција од 6.000 долари, откако беше уапсена за време на настап во стриптиз клуб во Колумбус, Охајо.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден ден ќе попуштат тензиите во односите помеѓу САД и Иран и оти очекува повик од Техеран.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео денеска ги повика американските сојузници да помогнат Иран да биде ставен под економски притисок и го обвини Техеран дека продолжува да продава оружје на Блискиот Исток и покрај резолуциите на Обединети нации.
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека е „многу стабилен гениј“ и прогласи сопствена победа на Самитот на НАТО, што денеска заврши во Брисел.
Синдикатот на „Хјундаи“ предупреди денеска дека зголемувањето на царинските давачки за автомобили, што го разгледува Вашингтон, може да предизвика затворање на десетици илјади работни места во Америка и изрази загриженост за глобалната автомобилска индустрија поради интензивирањето на трговските конфликти меѓу САД и другите земји.
Сириски активисти и државни медиуми соопштија дека бунтовниците се согласиле да им го предадат на безбедносните сили градот Дара, кој прв се побуни против претседателот Башар ал Асад пред седум години.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Брисел изјави дека сите членки на НАТО се посветени на Алијансата.
Европската комисија прогнозира дека грчката економија ќе забележи раст од 1,9 отсто во 2018 година и 2,3 отсто во 2019 година (во споредба со 1,4 отсто во 2017 година), објави АНА-МПА.
И покрај најавите дека Самитот на НАТО може да биде фијаско поради силните тензии помеѓу земјите членки, американскиот претседател Доналд Трамп, порача дека состанокот бил „прекрасен“ и дека тој го добил тоа што го бараше - повисоки финансиски приливи за буџетот на Алијансата.
Суд во германскиот град Шлевизг денеска го прифати барањето за екстрадиција на поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон во Шпанија, врз основа на шпанското обвинение за злоупотреба на јавни средстава.