Знаејќи дека луѓето се подготвени да издвојат поголема сума пари за нешто што би ги направило здрави, еден уметник од Ванкувер, Канада, почнал да продава вода во која се вареле виршли на уличен фестивал. И секако, луѓе тоа го купувале.
Командниот центар на САД ќе се повлече подалеку од границата со Северна Кореја, и денеска ќе биде одржана церемонија за отворање нов команден центар,јужно од Сеул.
За време на кампањата пред изборите што се одржуваат в недела во Мексико, убиени се 133 политичари, јавија западни медиуми повикувајќи се на податоци од Институтот за анализи „Етелект".
Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов смета дека следниот состанок на американскиот претседател со рускиот претседател би можел да биде историски настан.
Џејмс Матис го зaгубил влијанието во администрацијата на Трамп и неговата иднина како секретар за одбрана на САД сега е во прашање, oбјави Гардијан повикувајќи се на изјави од поранешни административни функционери и аналитичари.
Американскиот Стејт департмент ја поздрави одлуката на Советот на ЕУ да предложи план за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија во јуни 2019 година и уште еднаш ја потврдува важноста на постигнатиот Договор со Грција.
Во следниот состав на Европскиот паламент што ќе биде избран во мај 2019 година ќе има 705 пратеници. Тоа ќе се случи поради напуштањето на ЕУ на Велика Британија. Во сегашниот состав на ЕП има 751 пратеник.
Суд во Грузија го осуди во отсуство поранешниот претседател на државата Михаил Сакашвили на шест години затвор поради злоупотреба на функцијата и обиди за прикривање докази за физичко насилство врз опозициски пратеник додека бил претседател.
Договорот од Преспа и двајцата грчки војници кои и понатаму се во затвор во Турција, биле темите за кои разговарале грчкиот премиер и генералниот секретар на НАТО на нивната вчерашна средба на маргините на Европскиот совет во Брисел, според грчката новинска агенција АНА-МПА.
Група од 24 медиуми во Бразил, меѓу кои и АФП, се здружија против лажни вести што ги преплавија интернет и социјалните мрежи пред претседателските избори закажани за октомври во таа најголема земја во Јужна Америка.