Во Италија утре е прогласен Ден на жалост поради жртвите од уривање на надвозникот во Џенова, при што загинаа 38 луѓе, а од 10 до 20 лица се водат како исчезнати.
Обединетите нации ја повикаа владата на Јемен и движењето Хути кои контролираат голем дел од северот на државата, на мировни преговори во Женева на 6 септември.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД „ништо нема да и платат“ на Турција за ослободување на американскиот свештеник Ендрју Брансон. Трамп го нарече Брансон „голем патриотски заложник“.
Две полициски возила пристигнаа во резиденцијата на Нетанјаху, додека демонстрантите пред влезот истакнаа транспарент на кој пишува „министер на криминалот“.
Људмила Козловска, претседателка на фондацијата Отворен Дијалог, која се занимава со човекови права во постсоветските региони, и нејзиниот сопруг беа депортирани од Белгија во Украина, на барање на полските власти преку Шенгенсиот информативен систем (СИС).
Најмалку 164 луѓе загинаа во поплавите, што од 8 август, ја зафатија јужната индиска држава Керала, а спасувачките тимови со хеликоптери и чамци ги евакуираа стотиците загрозени жители.
Саудиска Арабија соопшти дека додели сто милиони долари за стабилизациски проекти во североисточниот дел на Сирија.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео синоќа формираше група за координирање на американската политика кон Иран.
Драстичниот пад на вредноста на турската лира во однос на американскиот долар ја става Турција на претседателот Реџеп Тајип Ердоган пред најсериозниот економски предизвик по финансиската криза од 2001 година.
Тајфунот Румбиа денеска со силни ветрови и обилни дождови го погоди најголемиот кинески финансиски центарт Шангај.