Пред преземањето на претседавањето со Европската унија, Австријците се изјаснија против понатамошно ширење на Унијата, покажуваат резултатите од анкета на институтот Аконсулт.
Состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун покажа дека рускиот претседател Владимир Путин беше во право кога тврдеше дека директникот дијалог е единствен начин да се намалат тензиите со Северна Кореја, изјави денеска портпролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е „неоспорен напредок", но волјата, прикажана од Ким за нуклеарно разоружување, „треба да биде потврдена", изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан .
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон го поздрави постигнатиот договор меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот за името.
Кога севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун патува некаде, тој со себе носи пренослив тоалет, а ни вчерашниот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Сингапур не бил исклучок.
Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ изрази надеж дека ЕУ и НАТО ќе бидат подеднакво решителни како што беа премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Министерката за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсел им честиташе на Атина и на Скопје на изнаоѓањето решение за долгогодишниот спор за името на Македонија.
Ново истражување во Норвешка покажало дека нивото на интелегенција кај младите луѓе се повеќе се намалува.
Федерален судија од Вашингтон без предуслови дозволи спојувањето на телекомуникациската компанија Еј Ти енд Ти (AT&T) и медиумската група Тајм Ворнер (Time Warner) во вредност од 85 милијарди долари.
Историската средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур придонесе за избегнување на нуклеарна катастрофа, изјави претседателот на САД Доналд Трамп.