Турција го нуди на продажба античкиот град Баргилија, кој се наоѓа на турскиот брег на Егејското Море, за сума од 6,6 милиони евра, објави лондонски „Телеграф“.
Северна и Јужна Кореја разгледуваат отпочнување преговори за склучување мировен договор, кој би офатил и ветување од САД за ненапаѓање, соопшти висок претставник на властите во Сеул.
САД продолжуваат да се залагаат за одржување на првиот во историјата американско-севернокорејски самит на 12 јуни во Сингапур и подготовките за него се одвиваат добро, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп.
Белата куќа денеска соопшти дека нејзин тим ќе отпатува за Сингапур како логистичка поддршка за подготовка на евентуална средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Анкара и Москва постигнаа договор за корекција во цената на дистрибуираниот рускиот гас за 2015 и 2016 година, со што Русија на Турција ќе и врати една милијарда долари, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Околу две третини од Ирците на вчерашниот референдум се изјаснија за укинување на Осмиот амандман на Уставот на Ирска, со кој беше воведена забрана за аборус.
Северникорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин се сретнаа денеска во местото Панмунџом во демилитаризираната зона долж границата на двете Кореи.
Поранешниот холивудски филмски продуцент Харви Вајстин денеска и се предаде на њујоршката полиција поради обвинение за сексуално вознемирување.
Трговската војна меѓу САД и Кина ја соочува ЕУ со дилемата: Дали најголемиот трговски блок во светот треба да избере страна? И ако да, која?
Во ЕУ од денеска стапува во сила новата европска регулатива за заштита на личните податоци, позната како ГДПР, која и им дава на корисниците поголема контрола врз сопстените податоци.