Цената на нафтата денеска изнесуваше околу 74 долари за барел, што претставува пад, но сепак е една од највисоките цени во изминатите три години.
Француските медиуми опширно известуваат за посетата на претседателот Емануел Макрон на Вашингтон и покрај несогласувањето за решавање на некои светски прашања, сите ставаат акцент на нивното пријателство, оценувајќи дека измислиле нова дипломатија - дипломатија на допири.
Шпанската полиција заплени речиси девет тони кокаин, што бил скриен во контејнери со банани.
Германскиот производител на автомобили БМВ очекува растот на продажбата во Кина да му се преполови во текот на годинава.
Грчкиот министер за миграциска политика Димитрис Вицас телефонски разговарал со турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Околу 500 експерти од повеќе од 70 држави учествуваат на дводневната конференција „Нема пари за тероризмот“ што се одржува во Париз.
Светската продажба на музика во 2017 година забележа рекорден пораст од 8,1 отсто.
Продолжува драмата во Ливерпул, каде 23-месечниот Алфи Еванс веќе трет ден е жив и покрај тоа што лекарите од болницата „Алдер Хеј“ го исклучија од апаратите кои го држеа во живот.
Цивилите веќе не ќе можат да бегаат од судирите и бомбардирањата во Сирија, бидејќи границите се строго контролирани, а соседните држави се преполни со бегалцим изјави високиот комесар на Обединети нации за бегалци, Филипо Гранди.
Слободата на медиумите во светот е намалена во текот на минатата година, а омразата кон новинарите се засилува во Европа и во САД, што е закана за демократијата, се наведува во годишниот извештај на невладината организација Репортери без граници.