- Разговорите продолжуваат и се одвиваат многу, многу добро, истакна Трамп, додавајќи оти „односите се многу добри“. Според него нема „притисок“ ниту рок бидејќи се работи за „процес“.
Елон Маск му се извини на британскиот нуркач што учествуваше во спасувањето на децата во тајландската пештера, кого претходно го нарече „педофил“.
Полицијата на јужната германска сојузна покраина Баварија од денеска почнува да патролира долж границата со Австрија, јави новинската агенција ДПА.
Белгиските власти се подготвуваат да ги заштитат претстојните избори од надворешно влијание, јавија локалните медиуми потсетувајќи дека за една година во земјата ќе се одржат локални и парламентарни избори, како и избори за европратеници.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека е подготвено да ги спроведе мерките за зајакнување на меѓународната безбедност, договорени на средбата на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп во понеделникот во Хелсинки.
Јапонската метеролошка служба предупреди дека Јапонија е зафатена од топлотен бран опасен по живот, со температури близу до 40 степени.
Млазниот авион од турско производство наменет за обука „Хурџет“ е претставен на овогодишниот Меѓународен саем во Фарнбороу, во околината на Лондон, јави агенцијата Анадолија.
Американскиот компанија за производство на авиони „Боинг“ доби договор вреден 3,9 милијарди долари за два нови 747-8 авиони кои американскиот претседател ќе ги користи како „Ер форс Уан“ (Air Force 1)
Најмалку три лица загинаа во индискиот главен град Њу Делхи, при уривање на шесткатница во изградба. која падна врз соседна помала зграда. Во времето на несреќата, на објектот во изградба имало 12 работници.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера имаше средба со група конгресмени во Белата куќа во врска со неговите разговор со Владимир Путин, при што за време на негово обраќање во Белата куќа на миг снема струја.