Ерл Броснејн (89), таткото на дизајнерката Кејт Спејд, починал неколку часа пред нејзиниот погреб што се одржа вчера во Канзас Сити, јави Би-би-си.
Медицинските тестови потврија дека уште едно лице вработено во Амбасадата на САД во Хавана е погодено од „мистериозен здравствен инцидент“ на Куба, соопшти Стејт департментот.
Спасувачки екипи со хеликоптери во Тексас и во Монтана спасија стотици луѓе, меѓу кои 140 деца, кои поради поплави два дена беа заробени во еден планински камп.
Министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Зехофер денеска ја предупреди канцеларката Ангела Меркел, со која имаат различни ставови за политиката за мигрантите, на последиците од неговото евентуално отпуштање од Владата.
Европскиот производител на авиони „Ербас“ предупреди дека ќе ги повлече инвестициите од Велика Британија, бидејќи стравува дека британската Влада може да ја напушти ЕУ, без да постигне договор за преодниот период по Брегзит.
Големо невреме ја зафати синоќа австриската покраина Штаерска, при што се повредени повеќе лица. Поројниот дожд предизвика поплави и огромна материјална штета.
Европскиот комесар Гинтер Етингер изјави дека сите земји членки на Европска унија треба да им помогнат на јужните соседи, каде пристигнуваат најголемиот број мигранти.
Судот во Индонезија денеска го осуди на смртна казна радикалниот свештеник Аман Абдурахман бидејќи им наредил на екстремистите да извршуваат напади во земјата, меѓу кои и самоубиствениот бомбашки напад во едно кафуле од синџирот „Страбакс“ во јануари 2016 година.
Пентагон ќе отстапи простор во воените база за сместување на 20.000 деца мигранти без придружба, кои ќе бидат приведени при илегално преминување на американско-мексиканската граница, изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана Џејми Дејвис.
Британската полиција го уапси мажот кој стоеше на шините на метро станица источно од Трафалгар и тврдеше дека има бомба.