Многу критики за воведувањето на Директивата се поврзани со загриженоста за кршењето на слободата на интернет и забраната за поставување и дистрибуирање на одредена содржина.
Германскиот производител на луксузни автомобили и камиони Дајмлер денеска предупреди дека трговските тензии меѓу САД и Европската Унија почнале да се одразуваат на продажбата на автомобилите Мерцедес и другите нивни брендови.
Двете владејачки партии во Италија, Лигата и М5С, спорат околу иднината на огромниот металуршки комплекс Илва во близината на јужниот град Таранто.
Реципрочните трговски мерки на Европската унија против најавените царини на САД врз челик и алуминиумстапуваат на сила на 22 јуни.
Кинеските власти го ставија јагленот на листата од над 600 производи на кои се очекува да воведат повисоки давачки, како одговор на американските давачки за челик и алуминиум.
Турција воведува увозни царини за повеќе од 20 американски производи - од автомобили до креми за заштита од сонце, како одговор на американските царини за челик и алуминиум.
Германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со кралот на Јордан, Абдулах, изјави дека се потребни мерки против „агресивните тенденции“ на Иран на Блискиот Исток.
Германија добила многу од милијардите евра помош за поддршка на Грција, со тоа што од 2010 година заработила околу 2,9 милијарди евра од камати за грчките државни обврзници, јави АНА-МПА која се повикува на одговор на германската федерална Влада на прашање на Зелените во Германија.
Европскиот суд за човекови права ја отфрли како неоснована жалбата на Норвежанецот, Андрес Беринг Брејвик, кој е незадоволен од нехуманите затворски услови.
Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, во пресрет на мини самитот в недела и главниот ЕУ самит идната седмица, се разгледува земји од Северна Африка да прифатат „регионални излезни шеми“.