Претседателот на САД Доналд Трамп отпатува од Велика Британија за Хелсинки, каде што треба да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин. Тој на неговиот налог на Твитер упати твит за медиумите, кои, како што рече се „непријател на народот".
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека Турција ќе ја избрише секоја клетка на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), која е обвинувана дека стои зад обидот за преврат во земјата, извршен на денешен ден пред две години.
Американскиот претседател Доналд Трамп го напушти голф клубот во Турнбери на западниот брег на Шкотска и се упати кон меѓународниот аеродром Глазгов- Прествик, од каде со претседателскиот авион ќе лета за Хелсинки.
Рускиот претседател Владимир Путин се надева дека односите меѓу Русија и Франција ќе излезат на патот на позитивен развој, а двете држави ќе ја надминат комплексноста и повторно ќе ги воспостават инструментите за соработка. Тој тоа го изјави денеска за време на неговиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.
Околу 1.500 луѓе се вклучија денеска во демонстрациите во Хелсинки за заштита на човековите права и правата на сексуалните малцинства, на демократијата и екологија пред утрешната средба на меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин.
Поранешниот американски претседател Барак Обама пристигна во Кенија, земјата на неговите предци. Ова е негова прва посета на таа земја откако ја напушти претседателската функција.
Со зголемувањето на самоубиствените напади, поддржани од страна на Исламската држава, во Авганистан, во првата половина на оваа година, е забележан рекорден број на убиени цивили, и покрај минатомесечниот прекин на огнот, предупредуваат од Обединетите нации.
Германската влада соопшти дека ќе преземе 50 мигранти спасени од рибарски брод во Медитеранот. - Со оглед на тековните разговори за поголема билатерална соработка по прашаето за азил, Германија е подготвена да преземе 50 лица, се вели во соопштението на германската влада.
Шкотската полиција денеска соопшти дека уапсила маж, кој со параглајдер, во знак на протест, летал ниско над теренот за голф на американскиот претседател Доналд Трамп во таа земја.