Реал Мадрид се врати на врвот во Ла Лига, откако го совлада нивниот голем ривал Барселона со 2:0 на „Сантијаго Бернабеу“.
Манчестер Сити го освои Лига Купот во Англија за трета година по ред, откако ја победи Астон Вила со 2:0 на „Вембли“.
Емил Павлов го освои златниот медал на силната карате Премиер-лига во Сацлбург, Австрија откако во финалниот меч со 5-4 го совлада актуелниот светски шампион, Италијанецот Анџело Крешенцо.
Екипата на Вулверхемптон запиша гостинска победа со 3-2 над Тотенхем во дуел од Премиер лигата.
СЦ Борис Трајковски, А1 Арена (мала сала) во пролетниот дел од сезоната 2019/20 ќе биде борилиштето каде што ќе ги одмерат силите најдобрите клубови во пинг понгарското првенство. Од 1 Март па се до 22 Март во четири турнуси ќе се одиграат натпреварите од Супер и прва лига.
Менаџерот на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард, навести дека може да го напушти клубот, откако шкотскиот гигант вчера испадна од Купот, откако во 1/4-финалето на турнирот загуби со 0-1 од Хартс.
Поранешната број 1 во светот Марија Шарапова, која го најави крајот на својата спортска кариера пред неколку дена, е воодушевена што нејзината професионална тениска кариера е конечно завршена.
Французинот Алекси Пинтуро го освои малиот Кристален глобус во алпска комбинација по четврти пат во својата кариера. 28-годишниот светски шампион во дисциплината победи на трката во австриското одморалиште Хинтерштодер со вкупно време од 2: 04,90 минути, откако беше втор во спуст и прв во слалом.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд ќе се врати во игра за последните натпревари во сезоната, откако има сериозно подобрување во однос на неговата повреда.
Манчестер јунајтед ќе понуди плата од 150.000 фунти неделно на Џек Грилиш за да го убеди капитенот на Астон Вила да ја претпочита понудата на „црвените ѓаволи“.