Ждрепката за 1/32-финалето на ФА Купот беше извлечена вечерва. Од оваа фаза, екипите во Премиер лигата ќе бидат вклучени во трката, а најинтересниот судир ќе биде помеѓу градските ривали Ливерпул и Евертон.
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, го освои признанието за голман број 1 во анкетата за „Франс Фудбал“ за 2019 година.
Поранешниот шеф на Јувентус, исто така, го коментираше влијанието на Антонио Конте во клубот, откако „нероазурите“ се лидери во пласманот за прв пат по десет години.
Дефанзивецот на Јувентус, Матаис де Лихт е прогласен за „Најдобар млад фудбалер за 2019 година“ во анкетата на „Франс фудбал“. Тој ја доби наградата „Копа“ за играч до 21 година
Според неофицијалните информации, Кристијано е само четврти по гласањето за „Златната топка“, а пред него се Лионел Меси, Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах.
Конфедерацијата на независните фудбалски асоциации (КОНИФА) денеска потврди дека Светското фудбалско првенство на непризнаени земји ќе се игра во Скопје.
Тениската легенда Роџер Федерер ќе стане првиот жив човек со направена монета во негова чест – 20 франци со ликот на Маестро од јануари следната година.
Шефот на Ферари, Матија Биното изјави дека нивото на горивото на тимот било проверено најмалку десет пати во текот на сезоната 2019 година. Во последната рунда сезонава, ФИА откри дека соопштеното од тимот количество на гориво се разминува со 4,88 кг од неговото мерење пред стартот.
Првиот стрелец на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг може да се префрли во Интер во текот на летото, пренесува „Тутумеркатовеб“.
Поранешниот италијански напаѓач Антонио Касано изјави дека шампионот Јувентус крие голем скандал меѓу тренерот Маурисио Сари и sвездата Кристијано Роналдо.