Планот за обновување на натпреварите во Бундеслигата на 9 мај е уште поблизу до успешна реализација, откако денеска доби зелено светло од германското Министерство за труд.
Шпанското фудбалско првенство ќе биде обновено на 7 или 14 јуни со натпревари без публика, тврди „Кадена КОПЕ“, повикувајќи се на свои извори.
Англискиот гигант Манчестер Јунајтед доби дозвола од локалната општина да инсталира 1.500 бариери во посебен сектор на „Олд Трафорд“, потврди англискиот клуб.
Луис Хамилтон изјави дека во преговорите со Мерцедес, слободата да се прават „одлични работи“ надвор од Формула 1 е поважно од платата што ќе ја добие.
Италијанскиот напаѓач Марио Балотели призна дека во 2013 година бил близу трансфер во Јувентус. Тогаш го напушти Манчестер Сити, но рече дека го слушал неговото срце, а не неговиот ум.
Носителот на „Златна топка“ во 2006 година, Фабио Канаваро има амбиција да се искачува нагоре во својата тренерска кариера.
Иднината на Месут Озил во Арсенал станува сè понеизвесна. Клубот во оваа фаза не му понуди нов договор, а сегашниот истекува во 2021 година.
Минхен ќе остане меѓу градовите кои ќе бидат домаќини на натпревари од Европскиот шампионат, кој беше преместенза 2021 година, поради пандемијата од коронавирус.
Унаи Емери призна дека сака повторно да биде тренер во шпанската елита. Понудите за стратегот од Баскија не изостануваат, но тој бара ветувачки проект.
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах изјави дека помалку меѓународни натпревари би можеле да се организираат во иднина заради пандемијата од КОВИД-19. Во писмото до олимписките службеници, Бах го навел „финансискиот притисок“ врз организаторите и потребата тие сè повеќе да се усогласуваат со климатските промени.