Шпанското фудбалско првенство ќе биде обновено на 7 или 14 јуни со натпревари без публика, тврди „Кадена КОПЕ“, повикувајќи се на свои извори.

Вчера шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека индивидуалните спортски активности се дозволени од 4 мај. Ова значи дека од понеделник, фудбалските тимови ќе можат да ги соберат своите играчи со уверување дека им е обезбедено безбедно растојание.

Според информациите на шпанските медиуми, тренинг ќе биде дозволен за помали групи од 11 мај. Од 26 мај ќе бидат дозволени групни тренинзи за целиот состав, а две или три недели подоцна првенството ќе биде продолжено. Ла Лига беше запрена по 27-то коло.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2020 23:51