Педесетина фудбалски натпревари е денешната понуда на спортски план ширум светот. Во Белорусија, и покрај пандемијата со новиот коронавирус и 94. заболени лица во земјата, се закажани средби од второто коло во националниот шампионат
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), според англиски весник „Сан“, ги известила националните Федерации дека ќе останат без претставници во Лигата на шампиони и во Лига Европа, доколку не завршат првенствата за сезоната 2019/20
Сопственикот на Лос Анџелес Клиперс и поранешен директор во Мајкрософт, Стив Балмер донира 25 милиони долари за борба против коронавирусот
Иако Италија е главното жариште на коронавирусот во Европа, а ситуацијата во земјата е исклучително драматична што ги прави мали шансите за продолжување на Серија А во догледно време, сепак, претседателот на Фудбалскиот сојуз, Габриеле Гравина порачува дека сезоната нема да заврши без шампион.
Марсело веќе подолг период е желба на Јувентус, па никого не би требало да изненади доколку Бразилецот на лето се пресели од Мадрид во Торино.
Фудбалерот на Челзи, Калум Хадсон Oдoи во целост се опорави од коронавирусот, соопшти менаџерот на „сините“, Френк Лампард.
Руди Гобер, кој беше првиот заразен кошаркар со коронавирус во НБА лигата, и неговиот соиграч Донован Мичел во целост се опоравија од коронавирусот, соопшти Јута.
Уште четворица руски атлетичари се осомничени за допинг од кои двајца се олимписки шампиони, соопшти Единицата за интегритет во атлетиката.
Плејмејкерот Филипе Кутињо се надева дека ќе се врати во англиската Премиер лига следната сезона, според Мундо Депортиво. 27-годишниот играч од средниот ред, кој е во сопственост на Барселона, но игра на позајмица во Баерн (Минхен), веќе одбил понуда да се врати во италијански Интер и да замине во францускиот шампион Пари Сен Жермен.
Новак и Јелена Ѓоковиќ донираа еден милион евра за помош на Србија во борбата против новиот коронавирус, а парите ќе бидат наменети за набавка на респиратори.