Кошаркарскиот клуб „Клубски патриот” е домаќин на дводневниот Меѓународниот кадетски турнир во женска кошарка што се одржува во Делчево. На турнирот покрај домашната екипа учествуваат екипите на ЖКК ,,Пирин” од Благоевград и Арена ТИМ од Штип.
Интер се искачи на првото место на табелата во Италија по победата од 1:0 над Удинезе.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури оствари изненадувачки тешка победа над Ото Валин на меч што се одржа во Лас Вегас. „Циганскиот крал“ победи на поени (116-112, 117-111, 118-110) против цврстиот Швеѓанец по 12 исцрпувачки рунди што ја оставија публиката без здив.
На езерото „Младост“ денеска ќе се одржи Велешкиот пливачки маратон кој годинава станува меѓународен со учество на пливачи од Бугарија, Србија, Косово и Турција.
Репрезентацијата на САД не дозволи изненадување против Полска и победи со 87:74 (28:14, 19:16, 16:25, 24:19) во мечот за седмото место на Мундијалот во Кина.
Поранешниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо изјави дека сегашниот ментор на „сините“ Франк Лампард ги има сите предуслови за да биде успешен тренер на Лондон.
Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс ја разбира одлуката на Хари Мегваер да ги напушти „лисиците“ и да им се придружи на „црвените ѓаволи“. Ова лето, Манчестер плати 80 милиони фунти на Лестер, со што Мегваер стана најскапиот дефанзивец во светот.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изрази уверување дека голманот на тимот, Давид де Хеа ќе потпише нов договор со клубот. Актуелниот договор на шпанскиот голман истекува на крајот на оваа сезона, но според Солскјер, Де Геа ќе продолжи да го носи дресот на „црвените ѓаволи“ и после тоа.
Шампионот во Премиер лигата, Манчестер Сити излезе со компромисно решение за летниот преоден рок во Англија. За време на состанокот на сопствениците на 20-те клубови, претставници на „граѓаните“ посочија екипите на првенството да можат да прават зделки со странски екипи до крајот на август.
Пилотот на Јамаха, Валентино Роси откри дека е изненаден кога ги видел сите четири мотоцикли на неговиот конструктор во првите 5 по првите две слободни тренинг сесии на тркачкиот викенд во Сан Марино.