Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, зборуваше за ситуацијата со која се соочи тимот во врска со суспензијата на сезоната поради коронавирус. Според Кер сезоната за неговиот тим е завршена.

Голден Стејт ќе мора да одигра 17 натпревари до крајот на регуларната сезона, но поради паузата лигата може да го смени календарот.

– За Воините, сезоната во суштина заврши. Ако лигата некако успее да го рестартира, малку е веројатно дека ќе играме редовни натпревари, со оглед на губење на време. Кој знае. Но, јас се грижам за екипите што се бореа, кои се насочија кон титулата, се бореа за плејофот, тимовите што вложија многу, изјави Кер.

Голден Стејт од поодамна ги загуб шансите за влез во плејофот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2020 14:26