Во италијанската Серија А синоќа на распоредот беа седум натпревари од 5.коло по кое Интер го зачува максималниот ефект
Реал Мадрид синоќа забележа лесна победа над Осасуна со 2:0 и по шестото коло се искачи на врвот на табелата во Шпанското фудбалско првенство
Атлетико Мадрид славеше на гостувањето кај Мајорка со 2:0 во меч од шпанската фудбалска лига.
Ракометниот клуб Металург вечерва официјално соопшти дека се разделиле со тренерот Дамир Стојановиќ.
Трибина на стадионот во Техеран со околу 4.600 места за седење, ќе биде резервирана само за жени, на мечот помеѓу Иран и Камбоџа, од квалификациите за СП 2022 во Катар.
Српскиот центар Владимир Штимац е нов член на Фенербахче, екипа која ја води најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ.
Само неколку часа откако се појавија шпекулации дека Златан Ибрахимовиќ наскоро ќе се пресели од Лос Анџелес галакси во Бока јуниорс, со демант се јави неговиот менаџер, Мино Рајола.
Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, објави дека планира спроведување акција за засадување на 600 илјади дрвjа во 12-те држави кои ќе бидат домаќини на Европското првенство следната година.
Претстојното најголемо дерби во шпанскиот, а можеби и во светскиот фудбал, помеѓу Барселона и Реал Мадрид, на 26 октомври, ќе се игра во 13 часот.
Фудбалерот на Бока јуниорс, ветеранот Даниеле Де Роси, доби изненадувачки повик за настап во италијанскиот национален тим, за претстојните средби со Грција и Лихтенштајн, од квалификациите за ЕП 2020.