Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитич кажа како го поминува времето во карантин заради коронавирусот. Хрватот призна дека ужива да работи на справи.

– Имам среќа што имаме наша сала во домот поради сопругата која сака да тренира. Тоа ми дава мотивација. Најчесто тренирам ноќе и наутро. Не мислам дека некогаш сум бил во сала толку често како овој период, изјави Ракитиќ.

Тој ги оправдува преземенети мерки од надлежните.

-Мерки не беа изненадување. Кога отидовме во Неапол, разговаравме многу за тоа. Во Италија сите зборуваа за тоа. Нашиот лекар тогаш ни рече дека тоа ќе се случи и во Шпанија. Задолжителниот карантин е најдобрата опција за која можете да размислите. Не ми се допаѓа затоа што навистина сакам да шетам по улицата, но изолацијата е неопходна и важна, изјави Ракитиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2020 13:18