Јапонецот Шинџи Кагава постигна два гола во рок од три минути при своето деби за тимот на Бешикташ, кој го декласираше Анталијаспор како гостин со 6:2 во средба од 20-тото коло на фудбалското првенство на Турција.
Легендарниот фински четирикратен олимписки и петкратен светски шампион во ски-скокови, Мати Никенен почина синоќа на 56-годишна возраст.
Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел го истакна отсуството на ѕвезди како Нејмар и Марко Верата по првиот пораз за сезоната.
Американските статистичари синоќа наидоа на изненадувачки факт. Финалето на сезоната во НФЛ лигата, „Супер Боул“, кое се одигра вчеравечер, собра помалку гледачи на стадионот „Мерцедес-бенз“ во Атланта од завршната средба на МЛС лигата.
За најважниот спортски настан во САД, финалето на Националната фудбалска лига (НФЛ) – „Супер боул“, цените на билетите во пресрет на натпреварот кој се одржа синоќа пораснаа до 60 илјади долари за билет.
Кајри Ирвинг постигна 30 поени и направи 11 асистенции, а Маркус Морис додаде 19 поени за Бостон Селтикс во победата над Оклахома Сити со 134:129 во дуел од регуларниот дел на НБА сезоната.
Тренерот на Интер, Лучано Спалети не планира да поднесе оставка по поразот од последната Болоња со 0:1 во 22-то коло на Серија „А“.
Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари по успехот на тимот со 3:0 над Алавеш во дуел од 22-то коло на Ла Лига изјави дека неговиот тим секогаш е е фаворит во „Ел Класико“.
Реал Мадрид го совлада Алавеш со 3:0 во натпревар од 22-та рунда од Примера дивизија.
Лион го нанесе првиот пораз во сезоната на шампионот ПСЖ, откако победи со 2:1 дома во дербито од 23-тото коло на француската Лига 1.