„Црвените ѓаволи“ им дале рок од седум дена на „нероазурите“ во однос на трансферот на напаѓачот на Јунајтед Ромелу Лукаку во Интер.

Информацијата ја потврди новинарот на британскиот весник „Дејли мирор“, Симон Мулок, кој вели дека управата на Манчестер сака да знаат на што се во однос на трансферот на Белгиецот.

Поточно, според истиот извор, Јунајтед сака да знае дали Лукаку во иднина ќе биде дел од нивната екипа или не, така што на Интер му дале рок од седум дена да ја заокружи зделката и конечно да испрати понуда од 85 милиони евра, колку што за него бара англискиот клуб.

Инаку, италијанскиот клуб се обиде да го донесе Лукаку во Милано преку трансфер пакети, понуди со кеш и разни други понуди, но безуспешно бидејќи Јунајтед не отстапува од цената која ја постави за својот напаѓач. е



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2019 00:06