На базенот „Борис Трајковски“ во Скопје денеска ќе се одржи третиот дел од Градската лига во пливање.
Екипата на Вест Хем го победи Фулам на гостински терен со 2:0 во натпревар од 17-тиот круг од првенството на Англија.
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, пред натпреварот од 16. круг од шампионатот на Шпанија против Рајо Валекано ја изнесе Златната топка на теренот на „Сантијаго Бернабеу“. Тој од домашните навивачи беше поздравен со бурен аплауз.
Напаѓачот на Интер, Иван Перишиќ може да го напушти клубот следното лето. Според „Тутоспорт“ нероазурите се подготвени да го продадат 29-годишниот Хрват за 50 милиони евра.
Репрезентацијата на Словенија ќе и биде противник на Македонија во бараж за женскиот ракометен Мундијал што ќе се игра во 2019 година.
Двојниот стрелец за Манчестер Сити на денешниот триумф против Евертон (3:1), рече дека имал желба со „хет-трик“ да го прекини голгетерскиот пост.
Норвешкиот скијач Александр Килде победи на денешната трка на спуст патеката од Светскиот куп во алпски дисциплини возена во италијанската Вал Гардена.
Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело призна дека Кристијано Роналдо му недостасува него, но и тимот.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино доби нова поддршка во неговата кампања за повторно да биде избран за шеф на централата на конгресот следната година.
Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру изјави дека сонува да триумфира со титулата во Премиер лигата пред да се повлече од фудбалот. Францускиот репрезентативец го освои ФА Купот, откако се приклучи на „сините“ од Арсенал, а во текот на летото стана и светски шампион со „петлите“ на Мундијалот во Русија.