Една од најинтересните трансфер саги оваа зима ќе биде евентуалното враќање на Златан Ибрахимовиќ во Милан. „Росонерите“ веќе објавија дека го сакаат, агентите на клубот не ги негираат разговорите, но коментар од напаѓачот се уште немаше.
Баерн Минхен не се плаши од тоа дека е аутсајдер во претстојното дерби со Борусија Дортмунд, изјави денеска тренерот на баварците, Нико Ковач.
Откако од неодамна ги подобри своите перформанси, тимот на Манчестер Јунајтед сега се соочува со Манчестер Сити. Пред дуелот од 12-тото коло на Премиер лигата „црвените ѓаволи“ заостануваат на 9 поени од лидерот и при евентуален пораз, разликата ќе скокне на 12.
Тренерот на Вардар, Роберто Парондо очекува многу тежок дуел со шпанскиот гигант Барселона која заедно со „црвено-црните“ се на делба на првата позиција на табелата во Лигата на шампионите
Овој викенд во Делчево ќе се одржи првиот ракометен куп „Кирил Лазаров “ на кој ќе настапат три екипи од источниот регион што се дел од Школата за ракомет на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров. Како што информираше Драган Пешовски, тренер на екипата од Делчево, на турнирот силите ќе ги одмерат околу 100 дечиња.
Тренерот на Челзи, Маурицио Сари не е задоволен од прикажаното на неговите избраници на дуелот со БАТЕ Борисов и покрај победата на гостински терен со 1:0.
Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ги прокоментира шпекулациите дека неговиот клупски колега Луис Хамилтон доколку е во можност ќе му помогне да извојува победа на една од двете преостанати трки во Формула 1 шампионатот.
Евертон доби казна од Англиската фудбалска асоцијација за обид за неправилно привлекување на млад фудбалер. Клубот доби забрана да зема нови таленти (на возраст од 10-18 години) во своето училиште во период од две години и исто така е казнет со 500.000 фунти.
Раководството на француски ПСЖ призна за нелегални практики од страна на некои поранешни вработени, кои класифицирале фудбалери, следени од нивна страна, по етничко потекло.
Минатата сезона навивачите на Арсенал се прашуваа дали една од ѕвездите на тимот, Месут Озил ќе остане долго време. На крајот Германецот го продолжи договорот, неколку месеци пред неговото истекување и сега е поврзан со „топџиите“ до 30 јуни 2021 година. Но, тој не гледа проблем да остане и подолго.