Екипите на Вардар и Работнички ремизира 1-1 (1-0) на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари во дуел од 33. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Работнички поведе со голот на Петар Петковски во 33. минута, кој по корнерот од левата страна убаво на самата гол линија беше проигран од Димитровски.

Вардар многу брзо дојде до израмнување на почетокот од вториот дел. Во 50. минута по проигрувањето од Цветаноски, Дарко Мицевски со шут од 15 метри ниско по земја го совлада голманот Јанков.

Во 67. минута поради втор жолт картон кај Работнички беше исклучен бугарскиот интернационалец Вијачки. „Романтичарите“ со фудбалер помалку успешно се бранеше што дојде и до поделба на бодовите.

Резултати 33. коло ПМФЛ:

Беласица – ФК Ренова 3:2 Македонија ЃП – Шкупи 1:0 Шкендија – Силекс 0:0 Вардар – Работнички 1:1 Академија Пандев – Победа 4:0

Табела:

1. Шкендија 73 бода 2. Вардар 60 3. Академија Пандев 56 4. Шкупи 43 5. ФК Ренова 42 6. Македонија ЃП 41 …



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2019 19:45