Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер планира да се посвети на добротворна работа и на своите четири деца по крајот на својата кариера, изјави тенисерот за „Мајами хералд“.
Големиот талент на холандски Ајакс Абделхак Нури се разбуди по 13-месечна кома и веќе може да комуницира со своите блиски.
Поранешниот петти тенисер во светот, Жо-Вилфрид Цонга, одлучи да не учествува на овогодинешниот Ју Ес Опен.
Познатиот германски тенисер Борис Бекер ја истакна важноста на рекетот за спортистот. Според него, тенисер со рекет го потсетува на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси со топка.
Агентот на Пол Погба, Мино Рајола одговори на критиките кои легендарниот фудбалер на Јунајтед, Пол Сколс ги упати до Французинот. По неделниот пораз на Јунајтед од Брајтон (2:3), Сколс изјави дека Погба не е вистински лидер на тимот од „Олд Трафорд“.
Белгискиот фудбалер Џејсон Денајер го напушти Манчестер Сити и го притисна во Олимпик Лион, објави на веб-страницата францускиот клуб. Како што е соопштено, 23-годишниот дефанзивец потпиша четиригодишен договор, за сума од 10 милиони евра.
Селекторот на Македонија до 21 година Добринко Илиевски по објавувањето на списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Србија и Ерменија, истакна дека главна задача во оваа фаза е да се врати самодовербата кај фудбалерите и вербата во оваа селекција.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 години Добринко Илиевски, денеска ги соопшти имињата на 22. повикани за претстојните натпревари со Србија и со Ерменија.
Раководството на Барселона е подготвено да го ослободи играчот од средниот ред Иван Ракитиќ, објави „Мундо Депортиво“.
Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, изјави дека е во дилеми околу голманското место со оглед на квалитетните чувари на мрежата со кои располага.