Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, го посочи Лионел Меси како најдобар играч на светот. Аргентинецот постигна хет-трик во денешниот натпреварот со Севиља на гостински терен (4:2).

– Ова е важна победа, но тоа не значи дека титулата е половина наша. Сè уште има многу натпревари. Сите тимови имаат одлични играчи, а ние ги имаме најдобрите. Меси уште еднаш покажа дека е најдобар на светот. Тој ја прави разликата. Не затоа што постигнува голови, туку затоа што тоа го прави во вистинско време и на вистинското место, изјави Валверде.

Оваа сезона Меси досега постигна 33 голови со 18 асистенции на 32 натпревари за Каталонците.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2019 10:19