Јуниорската репрезентација на Македонија го совлада Исланд со 62:60 на Европското првенство за кошаркари до 18 години, Б дивизија, што се одржува во Скопје.
Бразилскиот фудбалер Малком Филипе Силва де Оливеира, чиј трансфер од Бордо во Барселона предизвика скандал и лавина од критики, изјави дека отсекогаш сакал да игра за каталонскиот клуб и затоа ја сменил одлуката.
Агентот Мино Раиола е виновникот што Марио Балотели се уште не преминал во Олимпик Марсеј. Ова го тврди француското издание „Екип“, кој го обвинува Раиола за насочени лаги, со цел поголема провизија за него.
Високиот спортски арбитражен суд (КАС) ја отфрли жалбата на поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке против изречената 10-годишна казна да се занимава со фудбалски активности поради нарушување на етичкиот кодекс на светската фудбалска централа.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е убеден дека неговиот избор да го привлече Алисон од Рома бил оправдан, независно од рекордната за голман цена - 75 милиони евра.
Голманот Страхиња Милиќ повеќе не е член на РК Вардар, откако спогодбено е раскинат договорот за соработка, соопштија денеска од клубот.
Американецот Џејмс Вудард е нов член на МЗТ Скопје, откако потпиша едногодишен договор, соопшти денеска тимот од Аеродром.
Пред неколку дена Алфонсо Дејвис го оствари својот сон - потпиша професионален договор со еден од гигантите на европскиот фудбал - Баерн Минхен.
Тимот на Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде Антони Марсијал, но само под еден услов. „Црвените ѓаволи“ сакаат да го привлечат Иван Перишиќ од Интер пред да му дозволат на францускиот напаѓач да премине во друг тим, тврди „Мирор“.
Црни ленти се поставени на болидите на Ферари, Саубер и Хас. Ова беше видливо првата тренинг сесија за Големата награда на Унгарија во Формула 1 на патеката „Хунгароринг“.