Првиот светски рекет Рафаел Надал ќе игра на Мастерсот во Париз, објави „Л’ Екип“ повикувајќи се на добро информиран извор.
Денеска е светскиот ден на пастата (тестенините), па дел од ракометарите на Вардар се приклучија во неговото одбележување.
Холандскиот фудбалер Робин ван Перси објави дека ќе стави крај на професионалната кариера на крајот од сезоната.
Македонската фудбалска репрезентација го задржа 68-то место на ФИФА ранг-листата објавена денеска.
Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах рече дека е среќен и горд што постигна 50 гола за „црвените“ од Енфилд. Египќанецот беше двоен стрелец на синоќешниот дуел со Црвена ѕвезда во 3.коло од Лигата на шампионите што Ливерпул го доби со 4:0.
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, беше задоволен од играта на тимот во натпреварот од третата рунда од групната фаза на Лигата на шампионите со Интер (2:0).
Англискиот фудбалски премиерлигаш Евертон ги смени плановите за изградба на нов стадион. Според „Телеграф“, клубот ќе се пресели од „Гудисон Парк“ не порано од сезоната 2023/24.
Македонската ракометна репрезентација вечер почнува нов квалификациски циклус, за Европското првенство 2020 година. „Црвено-жолтите“ во Битола со почеток од 20 часот и 15 минути ќе ја пречекаат селекцијата на Турција.
Италијанскиот тренер Антонио Конте е подготвен да го преземе Реал Мадрид, доколку Хулен Лопетеги добие отказ.
Наполи не успеа да ги освои трите бода на гостувањето кај ПСЖ синоќа во 3.коло од Лигата на шампионите. Гостите во два наврата имаа водство и затоа жалат што на крајот мораа да се задоволат само со бод.