Хрватскиот шампион ППД Загреб синоќа го победи македонскиот вицепрвак Металург со 32:26 во петтото коло од регионалната ракометна СЕХА лига.
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Германија со 32.000 швајцарски франци откако навивачите на натпреварот против Чешка извикуваа нацистички пароли.
Италијанскиот селектор Џампјеро Вентура има нови проблеми околу составот на „аѕурите“ за претстојните квалификациски натпревари против Македонија и против Албанија.
Усаин Болт, шесткратниот добитник на наградата најдобар тркач во светот, остана надвор од листата на десетмина номинирани од страна на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ), кои претендираат за насловот атлетичар на годината.
Претседателот на Фудбалскиот клуб Барселона, Јосеп Мариа Бартомеу го соопшти својот став во случај Каталонија да прогласи независност.
Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората, ќе биде отсутен најмалку еден месец поради повреда добиена на на натпреварот од 7. коло на Премиер лигата против Манчестер Сити.
Шампионот на Германија, минхенски Баерн неколку недели ќе биде без својот играч Франк Рибери.
Фудбалерите на Легија од Варшава се претепани од страна на нејзините навивачи по поразот од Лех, пренесуваат тамошните медиуми.
Репрезентацијата на Македонија ги започнува подготовките за натпреварите со Италија и Лихтенштајн. На првиот собир во хотелот „Гранд Плаза“ и на попладневниот тренинг во 18:00 часот ќе недостасуваат Столе Димитриевски, Стефан Ристовски и Езџан Алиоски.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не се сложува со употребата на ВАР технологијата при сите спорни ситуации. Според него тоа може да ги пролонгира натпреварите и да ја „уништи“ динамиката.