Таткото на крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго одржал состанок со претставници на Манчестер Сити, на кој се обиделе да го убедат бразилскиот фудбалер да им се приклучи на „граѓаните“. Ова го објави новинарот Едуардо Инда за „Ел Чирингито“.
Крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах најверојатно нема да се пресели во Ал-Хилал ова лето, напиша новинарот Бен Џејкобс на социјалните мрежи.
Легендата на францускиот фудбал, Мишел Платини изјави дека е „многу среќен“ и се чувствува горд што е ослободен од обвиненијата за корупција од страна на швајцарскиот суд, објавија француските медиуми.
Фудбалерот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, е прва опција на тренерот на Ливерпул, Арне Слот, како можна замена за Трент Александер-Арнолд, објави денеска белгискиот инсајдер Саша Таволиери.
Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана би можел да се пресели во клуб од Саудиска Арабија во летниот преоден рок, објави денеска весникот „Сан“.
Овој месец каталонскиот тим извојува две победи во шпанското првенство, откако ги совладаа Реал Сосиедад со 4-0 и Атлетико Мадрид со 4-2.
Поранешниот англиски капитен Алан Ширер оцени денеска дека германскиот стратег Томас Тухел ќе остане на клупата на Англија само доколку ја освои титулата на Светското првенство идната година.
Македонскиот прволигаш Шкупи објави денеска трајно го повлекува дресот со бројот 77 со кој сезонава настапуваше Андреј Лазаров, кој го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ноќта на 16 март.
Мексико ја совлада Панама со 2-1 во синоќешното финале на КОНКАКАФ Лигата на нации во Инглвуд, а победата ја обезбеди двојниот стрелец Раул Хименез.
Фудбалерите на Нов Зеланд се пласираа на следното Светско првенство, откако денеска во Оукленд ја совладаа Нова Каледонија со 3-0 во финалето на квалификацискиот турнир во Зоната Океанија.