Двајца други играчи на Ватфорд се ставени во карантин поради контакт со инфицирани од коронавирус, изјави директорот на тимот, Најџел Пирсон.
Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин сака да ја заврши кариерата во Ривер Плата. Аргентинецот ја започна својата кариера во аргентинските гиганти, од каде беше привлечен во Реал Мадрид во 2006 година.
Екипата на Херта убедливо го совлада Унион во дербито на Берлин на домашен терен со 4:0 – првиот натпревар од 27-то коло во германската Бундеслига
Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо објасни како доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на кормилото на „црвените ѓаволи“ ја оживеало неговата кариера. 24-годишниот дефанзивец објасни дека за него е многу важно што тренерот има доверба во него. На овој начин тој лесно може да го покаже најдоброто на што е способен
Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин се најде под лупа на два англиски клуба, тврди „Тутоспорт“. Волверхемптон и Њукасл се заинтересирани за напаѓачот на Аргентина
Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Сами Кедира откри дека Жозе Мурињо е најдобриот тренер со кој работел во досегашната кариера. Двајцата беа заедно во Реал Мадрид
Ашраф Хакими ќе се врати во Реал Мадрид. Ова го изјави агентот на играчот Алехандро Камано
Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ариц Адурис ја заврши кариерата. Денес, 39-годишниот Баскиец се збогува од клубот. Соиграчите во негова чест направија шпалир на „Сан Мамеш“.
Напаѓачот Антоан Гризман ќе остане во Барселона, објави „Мундо Депортиво“.
Дефанзивецот Јан Вертонген е близу да го напушти Тотенхем. На 30 јуни е датумот кога на играчот му завршува договор со клубот од Лондон.