Бундеслигашот Баер Леверкузен одби во последниот преоден рок да го продаде напаѓачот Муса Дијаби.

Според „Билд“, Манчестер јунајтед бил подготвен да плати 50 милиони евра за 21-годишниот Французин.

Раководството на германскиот клуб не сакаше да дозволи заминување на уште еден напаѓач по Каи Хаверц и Кевин Фоланд.

Дијаби оваа сезона одигра 10 натпревари на сите турнири, постигна два гола и оствари две асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2020 14:42