Маурисио Почетино ја одбил понудата на Евертон за испразнетото раководно место, пренесуваат британските медиуми цитирани од „Експрес“. Тој бил прашан од раководството на „карамелите“ да го замени Марко Силва, кој беше отпуштен заради лошата позиција на тимот во англискиот фудбалски шампионат и поразот од 2:5 против градскиот ривал Ливерпул.
Менаџерот на апсолутниот хит во Премиер лигата, Лестер Брендан Роџерс ја потврди својата лојалност кон клубот и официјално потпиша нов договор до 2025 година.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, остро ја критикуваше идејата на шефот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, за создавање Суперлиги, во кои се вклучени најсилните и најбогатите клубови.
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо откри какво е расположението во соблекувалната по поразот во Манчестер Јунајтед во средата.
Спортскиот арбитражен суд ја прифати жалбата на фудбалскиот клуб Челси, па „сините“ од Лондон може да купуваат нови играчи уште во јануарскиот преоден рок.
Европската фудбалска федерација, УЕФА, не толерира мешање на политиката во спортот, и затоа се закани дека Косово може да добие суспензија од две до пет години, доколку со политички притисок се смени актуелниот претседател.
Напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро ќе го пропушти големото дерби на Манчестер против Јунајтед, а веста ја потврди менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, за време на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар.
Еден Италијанец го купи дресот кој „кралот на фудбалот“ Пеле, го носеше на неговиот последен натпревар во кариерата.
Екипата на Реал Мадрид на утрешниот натпревар од шпанското фудбалско првенство против Еспањол, ќе игра во зелени дресови, со што сака да го сврти вниманието на јавноста кон климатските промени.
Актуелниот тренер на кинескиот клуб Шангај СИПГ, некогашниот фудбалер Витор Переира, е главен кандидат за преземање на тренерската позиција во англиски Евертон.