Во Првата македонска фудбалска лига попладнево на распоредот беа натпреварите од 18. коло по кое Шкендија придодаде уште три бода на огромната предност пред шампионот Вардар.
Голманот на Беневенто, Алберто Брињоли го постигна изедначувачкиот гол против Милан во петтата минута од судиското надополнување за прв бод на неговиот тим дури во 15. коло од Серија А.
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан по ремито со Атлетик (0:0) ја посочи неефикасноста како главен проблем на неговиот тим.
За Рамос ова беше вкупно 19. црвен картон во шпанската Примера на 416 одиграни натпревари со што ги помина Пабло Алфаро и Агуадо на негативната листа.
Фудбалерите на Стразбур му го нанесоа првиот пораз сезонава на Пари Сен Жермен во Француското фудбалско првенство, откако вечерва на домашен терен славеа победа со 2:1.
Шампионот Јувентус го победи лидерот Наполи во големото дерби на Италијанското фудбалско првенство. Стрелец на победничкиот и единствен гол на синоќашниот дуел во Неапол, беше поранешниот фудбалер на Наполи, Гонзало Игуаин во 13.минута.
Попладнево во Москва се одржа ждрепката за групите од Светското првенство кое наредната година се игра во Русија.
Хавиер Маскерано, фудбалерот на Барселона, изјави дека на неговото време во клубот му се ближи крајот и дека големи се шансите на крајот на сезоната да ја напушти Каталонија.
Стивен Нзонзи, фудбалерот на Севилја, тренира одделно од остатокот на тимот поради несогласувањата со тренерот Едуардо Беризо, пишува шпанскиот „АС“.
Јавниот обвинител во Мадрид покрена обвинение против Лука Модриќ, капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и првотимец на Реал, поради затајување данок од 870.728 евра во периодот од 2013 до 2014, пренесува „Марка“.