Клубовите од Премиер лигата ги изгласаа датумите на кои ќе се отвори летниот преоден рок. Ова лето всушност ќе има два преодни рока. Раниот ќе биде отворен меѓу 1-ви и 10-ти јуни и ќе им даде можност на клубовите да се засилат пред почетокот на Светското клупско првенство.
Ливерпул испратил нова понуда со подобрени услови за договорот на нивната ѕвезда, а Салах сака да остане и се очекува да ја прифати понудата. Ова станува возможно по заминувањето на Трент, што ќе помогне во флексибилноста на платите.
Четворица играчи на Реал Мадрид, вклучително и Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор, се под истрага за наводно „непристојно однесување“ за време на натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, соопшти Европската фудбалска федерација (УЕФА).
Фудбалерките на лондонски Арсенал се пласираа синоќа во полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), откако на домашен терен го совладаа Реал Мадрид со 3:0 (полувреме 0:0) и со вкупен резултат од 3:2 го елиминираа големиот фаворит за освојување на титулата.
Новоименуваниот тренер на Јувентус, Игор Тудор, има намера да ја промени тактиката на гигантот од Торино со цел да се подобрат резултатите.
Лондонски Арсенал ќе му понуди нов и побогат договор на бразилскиот дефанзивец Габриел (27) откако се појавија информации дека саудискиот клуб Ал-Наср, за кој настапува Португалецот Кристијан Роналдо, сака да го ангажира во своите редови.
Конзорциумот „Катар Спорт Инвестментс“, во чија сопственост е Пари Сен Жермен, покажува голем интерес за преземање на шпанскиот второлигаш Малага, пренесуваат денеска шпанските медиуми.
Навивачите на Челзи побараа од Премиер лигата да ја истражи поврзаноста на косопственикот на лондонскиот клуб Тод Боли со веб-страница за препродажба на билети која нуди влезници по цена повисока за илјадници долари од номиналната вредност.
Раководството на Бразилската фудбалска федерација повторно му пристапило на Карло Анчелоти за да му ја понуди улогата на селектор, објави „Глобо“. Ова не е првпат функцијата во „Селесао“ да му биде понудена на Италијанецот, кој веќе ја одби пред неколку години.
Навивачите на Ливерпул се свртеа против Трент Александер-Арнолд откако стана јасно дека тој е блиску до заминување од „Енфилд“ во Реал Мадрид како слободен играч.