Англискиот премиерлигаш Арсенал потпиша петгодишен договор со производителот на спортска опрема Адидас, вреден 300 милиони фунти - по 60 милиони фунти по сезона.
Адвокатите на наводната жртва на силување од страна на Кристијано Роналдо - Кетрин Мајорга, се информирани за уште три жени, кои тврдат дека биле силувани од португалскиот фудбалер.
Хронична повреда во стомакот може да ја стави кариерата на Кристијан Ериксен под знак прашалник. Ова го изјави тренерот на Данска, Оге Харејде.
Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес го заштити тренерот Нико Ковач, кој се наоѓа под голем притисок по новиот кикс изминатиов викенд.
Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез за време на пауза поради репрезентативни настапи ќе се обиде да закрепне од повредата на коленото.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Лигата на нациите е безначаен турнир. Тој, исто така, изрази надеж дека играчите ќе се вратат во клубот неповредени.
Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер, по поразот од Борусија Менхенгладбах во натпреварот од 7-миот круг на шампионатот во Германија (3:0), рече дека тимот ја сфаќа сериозноста на ситуацијата.
Иван Тричковски се здоби со повреда за време на вчерашниот дуел меѓу неговиот АЕК Ларнака и Ермис од кипарското првенство. Тој има истегнување на адукторот, поради што беше заменет во 60. минута.
Реал Мадрид може да направи промена на тренерската позиција и на местото на Хулен Лопетеги, да биде донесен Антони Конте, објави шпански „АС“.
Поранешниот капитен на англиската репрезентација и на тимот на Челзи, Џон Тери одлучи да ја заврши својата кариера на возраст од 38 години.