Манчестер Сити ќе се сретне со Брајтон на 6-ти април во првото полуфинале за Купот на Англија, потврдија од Фудбалската асоцијација на земјата.

Сити, кој брка четири трофеи оваа сезона, ја отвора програмата со полуфиналето на „Вембли“ во 17:30 часот по локално време.

Другиот полуфинален меч помеѓу Ватфорд и Вулверхемптон ќе се одигра еден ден подоцна, 7 април, во 16:00 по локално време.

Секој полуфиналист ќе добие околу 33.000 билети за неговите навивачи, со цени од 30 до 80 фунти.

Финалето е на 18-ти мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2019 14:50