Легендарниот капитен на Рома и поранешен италијански фудбалски репрезентативец, Франческо Тоти синоќа ја претстави автобиографијата.
Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач во пресрет на натпреварот со Херта од 6. круг Бундеслигата, рече дека противникот е многу квалитетен и технички добро подготвен.
Фудбалерот на Челзи, Еден Азар верува дека тренерот на „сините“ од Лондон, Маурицио Сари може во иднина да ја предводи репрезентацијата на Белгија.
Фудбалскиот клуб Барселона е на чекор од историска одлука. Претстои предлог за промена на амблемот на клубот, а конечната одлука зависи од тоа како ќе гласаат на т.н. „Сосиос“ - членови на клубот. Гласањето ќе се одржи на 20 октомври.
Гласините дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е подготвен да го продаде клубот за три милијарди фунти не одговараат на вистината, објави „Блумберг“.
Министерот за спорт на Турција, Мухарем Касапоглу изрази разочарување дека земјата не ја добила организацијата на Европското првенство во 2024-та година, но истакна дека „загубата не е за нашата земја, туку за ЕП 2024“.
Полудефанзивецот Цеск Фабрегас изјави дека Челзи ќе има проблеми да го задржи Еден Азар следното лето, ако не се разбере со него за нов договор. Тимот од Лондон е подготвен да го направат Белгиецот најплатен играч во историјата на клубот, за да го убедат да остане на „Стемфорд Бриџ“.
Џанлуиџи Буфон изјави дека неговиот клупски колега во ПСЖ, Марко Верати е „единствениот вистински талент“ на италијанскиот фудбал. Четириесет-годишниот голман пристигна во Париз во текот на летото по напуштањето на Јувентус.
Играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс потпиша нов договор со клубот, според кој тој ќе остане на „Камп Ноу“ до летото 2023 година. Тогаш шпанскиот репрезентативец ќе има 35 години.
Системот за помош на судиите ВАР ќе биде воведен во Лигата на Шампионите од сезоната 2019/20, соопшти УЕФА.