Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тукел, го најави враќањето на голот на Џанлуиџи Буфон на следните натпревари. Изминатиот период мрежата на ПСЖ ја чуваше Алфонс Ареола.

– Буфон има многу важна улога во тимот. Тој има многу искуство и тоа негово знаење им го пренесува на играчите. На натпреварот со Лил, како и на дуелот со Наполи во Лигата на шампионите, тој ќе биде меѓу стативите, изјави Тухел.

ПСЖ против Лил игра утре во рамките на 12.коло од француската Лига 1.

Буфон последен пат во Француското првенство бранеше на 9 октомври кога ПСЖ го победи Олимпик Лион со 5:0.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 13:57