Тотенхем влезе во историјата на англискиот фудбал, откако по затворањето на трансфер пазарот во Англија стана првиот клуб во Премиер лигата, барем кога е во прашање актуелниот формат кој датира од 2003 година, кој не направи ниту еден трансфер.
Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ по само една година помината во Милан, направи трансфер во Атлетико Мадрид и потпиша тригoдишен договор со шпанскиот клуб.
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, го поддржа тренерот Жозе Мурињо и оцени дека до крајот на преодниот рок на „Олд Трафорд“ треба да дојдат уште две засилувања за клубот да биде конкурентен во борбата за титулата.
Голманот Тибо Куртоа на претставувањето во Реал Мадрид истакна дека со доаѓањето во „кралскиот“ клуб му се исполнил сонот.
Менаџер на Јунајтед, Жозе Мурињо е во панична потрага по засилување за стоперската позиција, инсистираше на Годин, но 32-годишниот играч решил да остане во Мадрид и се согласи на нов договор.
Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, изрази восхит за атмосферата создадена од поранешните играчи на клубот Леонардо и Паоло Малдини. Малдини неодамна беше назначен за директор за стратешкиот развој, додека Леонардо ја презеде функцијата технички директор на клубот.
Далиќ беше во дилема дали да продолжи со работа поради богатата понуда, како и забелешки на сметка на одредени лица во сојузот, но по средбата со првиот човек на ХНС, Давор Шукер реши да ја продолжи работата со „коцкестите“.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ е пратен на позајмица во Челзи. Премиерлигашот денеска го промовира новиот свој член. „Сините“ објавија дека договорот на 24-годишниот фудбалер со лондонскиот тим е наменет за една сезона.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс смета дека и оваа сезона тимот од „Олд Трафорд“ нема да биде во конкуренција за највисок пласман.
Навивачите на грчкиот тим ПАОК за време на синоќешниот дуел во Солун против Спартак Москва, предизвикаа неколку инциденти кои многу веројатно нивниот тим ќе го чинат санкции од УЕФА.