Голманот Тибо Куртоа на претставувањето во Реал Мадрид истакна дека со доаѓањето во „кралскиот“ клуб му се исполнил сонот.
Голманот ги заврши сите формалности околку трансферот од Челзи во Реал и шпанскиот клуб денеска и официјално го претстави.
- Доаѓањето во најдобриот клуб на светот е голема одговорност, но и гордост. Немате претстава колку сум среќен. Сакам да му се заблагодарам на Реал за сите напори кои ги вложи и на сите луѓе кои ми помогнаа да дојдам овде, истакна Куртоа.
Белгискиот репрезентативец потпиша шестгодишен договор, а Челзи од овој трансфер ќе заработи околу 40 милиони евра.