Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина ги сведе на теорија шансите за пласман на Светското првенство во Русија 2018 година откако беше поразена на Кипар, иако имаше предност од два гола.
Роберто Манчини, тренерот на Зенит, блиску е да донесе одлука да ја напушти клупата на клубот од Санкт Петербург, пренесоа вчера италијанските медиуми.
Арсенал и Ливерпул постигнале договор за трансфер на Алекс Окслејд-Чемберлен на „Енфилд роуд“, пренесоа британските медиуми.
Рускиот интернационалец 21-годишниот Максим Максимов потпиша три годишен договор со нашиот клуб. Максимов доаѓа од литванскиот клуб Тракаи, за кој оваа сезона постигна седум гола во квалификациите на Лигата на Европа.
Фудбалскиот клуб Вардар и фудбалерот Дамир Којашевиќ, се договорија за спогодбен раскин на договорот, со што црногорскиот интернационалец ќе може да бара нов клуб каде ќе ја продолжи кариерата.
Дебитантот во македонската фудбалска репрезентација Висар Муслиу со оптимизам ги очекува претстојните квалификациски дуели со Израел и со Албанија. Тој е среќен што доби покана од селекторот Игор Ангеловски да биде дел од сениорскиот национален состав.
Од 1-ви септември почнува продажбата на билети за натпреварите од Лигата на Европа. Ќе се продаваат блок билети за сите три домашни меча, а ќе има и продажба на подеинечни влезници за секој натпревар.
Голот на Марио Манџукиќ, центарфорот на Јувентус, во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид е прогласен за најубав погодок оваа сезона во изборот на УЕФА.
Судот за арбитража во спортот ја одби жалбата на Фудбалскиот сојуз на Боливија, кој се жалеше на одлуката за казната со која репрезентацијата на оваа земја два натпревари ги изгуби од „зелената маса“.
Чешкиот напаѓач Патрик Шик кариерата ќе ја продолжи во Рома, соопшти италијанскиот клуб.