Во третото квалификациско коло за пласман на светското првенство во 2018 година, репрезентацијата на Велс на домашен терен ја пречека Грузија. И се ќе беше во ред, се додека играчите на Велс не го повторија истиот начин на традиционалното сликање на репрезентациите пред почетокот на натпреварот.

Имено, на минатиот натпревар каде што Велс ги одмери силите со Австрија, тие се поставија за чуден начин за сликање со 4 играчи кои стојат и дури 7 играчи кои што клечат. Но освен што наидоа на потсмев во фудбалската јавност и на интернет мрежите, никој не им даде на значење.

Но играчите на Велс, истото го направија и пред натпреварот со Грузија, каде што се поставија на сличен начин, но овој пат со само 3 играчи на стоење, односно 1 помалку од минатиот пат.

На ваквиот начин на сликање реагираше и Велшката фудбалска асоцијација па преку твитер профилот го праша Герет Бејл, што е работата?


Не било случајно. Дали играчите на Велс испраќаат порака?

Дали играчите на Велс со ова сакаат да упатат скриена порака до некого, останува да видиме во наредните денови.

Не било случајно. Дали играчите на Велс испраќаат порака?


Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2016 17:58