Одѕивот на гласачите на вториот круг од Претседателските избори до 10 часот изнесува 6,31 отсто, соопшти на првата прес-конференција на Државната изборна комисија портпаролката Љупка Гугучевска.
Во Делчево, Берово, Македонска Каменица и Пехчево, како што информираат претседателите на општинските изборни комисии, гласањето во вториот круг од Претседателските избори започна навреме и се одвива во мирна и демократска атмосфера. Во овие четири општини право на глас имаат 36.292 гласачи
Гласањето во рамки на вториот круг од претседателските избори непречено се одвива и во Општина Дебрца
Гласачките места во вториот круг од претседателските избори се отворени на време и не се забележани неправилности во досегашното спроведување на гласањето
Навреме, точно во 7 часот се отворени сите 142 избирачки места во Прилеп и гласањето во вториот круг од претседателските избори почна непречено, информираат од Општинскта изборна комисија
Денеска се одржува вториот круг од претседателските избори. Право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу двајцата кандидати Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски
Во Охрид денеска освен за вториот круг од претседателските избори граѓаните ќе гласаат и во вториот круг од предвремените избори за градоначалник, распишани поради смртта на градоначалникот Јован Стојаноски
Во општините Струмица, Радовиш, Босилово, Василево, Конче и Ново Село сите избирачки места се отворени во 7 часот и засега гласањето тече мирно и без никакви проблеми, информираат од општинските изборни комисии. И гласањето за претседателските и предвремените избори за градоначалник во општина Ново Село поминува во најдобар ред
Вториот изборен круг од претседателските избори во три гостиварски општини почна навреме, информираа од општинските изборни комисии
Во општина Струга сите гласачки места се отворени навреме, во 7 часот утрово, потврди претседателот на Општинската изборна комисија Бледар Зиба