Апликацијата на ДУНА поврзана со изборниот процес на предвремените парламентарни избори функционира најнормално затоа што е врвно изработен продукт
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека во деновите што следат ќе се отворат преговори со сите политички субјекти, по што ќе се види како ќе се одвиваат работите за формирање нова влада
Општинската изборна комисија-Штип ги објави резултатите од вчерашните предвремени парламентарни избори, според кои ВМРО-ДПМНЕ е победник со 10.141 глас, наспрема СДСМ кој има освоено 10.077 или двете политички партии имаат тесна разлика од 64 гласови
Македонска конзервативна партија – ИНТЕГРА бара да се направи увид во неважечките гласачки ливчиња од вчерашните предвремени парламентарни избори зашто, како што рече на прес-конференција претседателот на партијата Љупчо Ристевски, „постојат сомнежи дека во тој дел е вршен изборен инженеринг по моделот на осумтемина велепрадавници за уставните амандмански промени што има за цел да ги неутрализира гласовите дадени за промакедонските партии“
Поранешниот шведски премиер и специјален пратеник на ОН за Балканот Карл Билт напиша на Твитер дека по вчерашните избори во Северна Македонија ќе следат долги прговори за владина коалиција, која, според него, би требало да биде верзија на досегашната
Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата Можеме изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат, соопшти денеска Социјалдемократскиот сојуз
На денот на изборите на бесплатната телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право, регистрирани се вкупно 60 јавувања, вели во изјава за МИА Зоран Билбилоски државен советник во Канцеларијата на народниот правобранител
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, според проекцијата на ДИК за освоени мандати, во новиот собраниски состав ќе имаат помалку пратеници од досега, додека ДУИ и Алијанса за Албанците ќе ја зголемат својата застапеност во Парламентот
Државната изборна комисија денеска соопшти дека се уште се врши прием на материјалите од општинските изборни комисии и рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места (записници бр.16), како и записниците за сумирање и утврдување на резултатите од општините (записник бр. 21), со цел точно да можат да се утврдат неофицијалните конечни резултати
Албанските медуми, кои во континунтет информираат за предизборните и изборните активности во нашата земја, посебен простор отстапија и за прелиминарните изборни резултати