Интервенирано е од полициски службеници од НККР Прилеп, а при прегледот кај лицето Џ.П пронајден и одземен бил пиштол марка “ЦЗ“. Се работи на расчистување на случајот.
По барање на претседателот на избирачкиот одбор на избирачко место бр.0537 во ОУ „Саит Најдени“ во Дебар ул.„Едвард Кардељ“ во 12,55 час побарана е интервенција на полициски службеници поради тоа што А. Д. ( 30) од Дебар со својот мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Во 13,15 часот истиот е приведен во ОВР-Дебар.
Околу 13,15 часот на гласачко место бр.„2695“ во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ претседателот на избирачкиот одбор побарал интервенција, бидејќи лице влегло на гласање со маска на лицето на која имало партиски симбол и не сакало да ја смени.
Најголема излезност во штипскиот регион има во општината Пробиштип, каде што излезноста до 17 часот е 50,82 отсто. Претседателот на Општинската изборна комисија во Пробиштип информира дека на 42 те гласачки места гласале 6.336 гласачи
На гласачко место бр.2695 во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром околу 13.15 часот претседателот на избирачкиот одбор побарал интервенција бидејќи лице влегло на гласање со маска на лицето на која имало партиски симбол и не сакало да ја смени
Според податоците на Државната изборна комисија во Куманово излезноста до 17:00 часот e 33, 46, во Липково 31,22, а во Старо Нагоричане 36,96 проценти
На 15.07.2020 во СВР Битола било пријавено дека во 01.30 часот во с.Новаци, битолско, В.Ј. од истото село растурал летоци.
Излезноста со оглед на целата ситуација е задоволителна, оцени попладнево претседателот на Државната избона комисија (ДИК) Оливер Дерковски на прес-конференција
На 14.07.2020 во СВР Велес било пријавено дека П.А. од Градско, пред доаѓањето на Избирачкиот одбор, дошол во дворот на А.С. (лице со здравствени проблеми) на ул.„Борис Трајковски“ и му дал 1.000 денари за да гласа за одредена политичка партија.
Од вкупно 45.989 гласачи регистрирани во избирачкиот список, до 17 часот во Општина Велес гласале 40,02 проценти на 84 избирачки места