Во Македонска Каменица до 9 часот во вториот круг од локалните избори гласале 8,99 проценти од граѓаните со право на глас. Претседателката на Општинската изборна комисија Бота Ангелова Димитрова информираше дека гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера
Во Демир Капија до девет часот во вториот круг на локалните избори има излезеност од 14.27 проценти, за МИА информираше Благој Јовановски, претседател на Општинската изборна комисија
Во Росоман во вториот круг на локалните избори до девет часот има излезеност од 7,6 проценти, информираше за МИА претседателот на Општинската изборна комисија, Ѓорѓи Крстевски. Во Росоман се гласа на десет избирачки места. Право на глас имаат 3.341 лице
Во вториот круг од локалните избори 2021, во Општина Лозово од вкупно 1.974 гласачи на 9 избирачки места до 9 часот на гласање излегле 221 гласач или 11,5 проценти од гласачите запишани во Единствениот избирачки список, информра Ванчо Пешевски, претседател на ОИК Лозово
Околу 11 проценти е излезноста на 46 те гласачки места во Општина Пробиштип, каде што право на глас имаат 12 545 граѓани
Во Куманово, до девет часот излезноста 4,25 проценти, според Државната изборна комисија од обработени 93 проценти од податоците од избирачки места
Според пресекот направен во 9 часот, на гласачките места во Општина Гевгелија, во вториот круг од локалните избори се изјасниле 1 537 граѓани што претставува излезност од 8 отсто, соопштија од ОИК Гевгелија
На сите избирачки места почна гласањето на време. Имаше технички проблеми на неколку избирачки места во Скопје и на неколку избирачки места низ земјава. Сите тие проблеми сега се решени и гласањето продолжува
Во Општина Тетово на вториот круг од локалните избори излезноста до 9 часот е 3 отсто, соопштија од Општинската изборна комисија во Тетово
На локалните избори денеска полицијата ќе ги обезбедува гласачките места непрекинато почнувајќи од 6:00 часот до 19:00 часот за времетраењето на гласањето, по затворањето на гласачкото место и за време на сумирањето на резултатите и ќе ги отстранува сите неовластени лица од објектот