Во Македонска Каменица до 9 часот во вториот круг од локалните избори гласале 8,99 проценти од граѓаните со право на глас. Претседателката на Општинската изборна комисија Бота Ангелова Димитрова информираше дека гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера.

– Во Македонска Каменица во 7 часот започна гласањето на 17 избирачки места. Членовите на избирачките одбори не пријавија проблеми како со УБИГ апаратите така и воопшто со текот на избирачкиот процес тече без проблеми. До 9 часот во Македонска Каменица гласале 605 гласачи или 8,99 проценти од избирачите, истакна Ангелова Димитрова.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2021 13:29