Во градот Скопје, од обработени 89,5 проценти од гласовите, Петре Шилегов од коалицијата „Најдобро за мојата општина“ предводена од СДСМ има 78.664 гласови или 41,10 отсто, а Данала Арсовска – група избирачи 106.021 глас или 55,40 отсто.
Успешно завршија изборите, први со електронско гласање, изјави на вечерашната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски, оценувајќи ги како едни од најтешките во поновата историја на државата.
Во Пробиштип победа прогласи актуелниот градоначалник, Драган Анастасов. Разликата меѓу Анастасов од СДСМ и Маријан Миленковски од ВМРО ДПМНЕ е околу 300 гласови.
Според првичните неофицијални резултати од вториот круг на Локалните избори, независниот кандидат Зоран Ногачески повторно е избран за градоначалник на Општина Дебрца.
Првиот човек на гостиварскиот огранок на ДУИ, Башким Хасани на вечерашната прес-конференција рече дека загубиле во трката во вториот круг на локалните избори и обвини дека противничкиот табор ги купил гласовите на граѓаните со средствата кои биле наменети за инвестиции во општината.
По денешниот втор изборен круг, кандидатот на ДУИ Фатмир Дехари е победник на локалните избори и по трет пат последователно стана градоначалник на општина Кичево, иако по првиот изборен круг освои 250 гласа помалку од својот протикандидат Александар Јованоски од ВМРО-ДПМНЕ.
На денешниот втор круг од Локалните избори 2021 во Општина Чашка најмногу гласови освои кандидатот на СДСМ, Горанчо Стојановски.
Кандидатот за градоначалник на Општина Вевчани од ВМРО – ДПМНЕ Спасе Кочовски, вечерва прогласи победа.
Според првичните информации од Општинската изборна комисија, кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата Александар Китански на вториот круг од Локалните избори во Пехчево освои 51,23 проценти од гласовите, наспроти 46 проценти за неговиот противкандидат Славчо Пандурски.
Можам да прогласам победа на ВМРО ДПМНЕ апсолутна победа, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, за Канал 5 ТВ.