На денешниот втор круг од Локалните избори 2021 во Општина Чашка најмногу гласови освои кандидатот на СДСМ, Горанчо Стојановски.

Потпретседателот на Општинската изборна комисија на Чашка, Марјан Јовановски во изјава за МИА рече дека Стојановски освои 2327 гласа, наспроти Суат Шаќиров од ДУИ кој доби 1734 гласа.

Членовите на ОИК се на пат да ги предадат своите материјали во ДИК, која треба да ги потврди резултатите.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2021 00:26